ТРЕНЕР ЗА ЖИВОТ
ЕДУКАТОР И ПСИХОТЕРАПЕВТ

Сите ние имаме големи соништа. Конечно започнување на бизнис, добивање на совршена работа или можеби средба со вистинската личност. Без оглед каква е вашата сопствена визија за успех, единственото нешто што стои помеѓу вашите соништа и реалноста е АКЦИЈА. Истата започнува со тој прв единствен чекор за да се вратиме на вистинскиот пат.

Соништата не се остваруваат одеднаш, туку преку безброј мали чекори напред. Треба да знаеме дека за радикална промена е потребно време, трпение, енергија и секако многу силна волја.

Па, зошто тогаш е толку тешко да се вратиме на курсот? Тешко е во животот да се стигне некаде без насоки и патоказ. Затоа е многу важно да имате мапа и водич до вашиот успех. Психотерапевтот може да биде вашиот водич за да ви помогне да станете личност за која знаете дека сте, за да го добиете животот што го сакате.

Терапијата е просторот во кој ќе се чувствувате разбрани и прифатени, ќе ви овозможи да растете и да ги решите животните предизвици во безбедна, доверлива средина.

Терапевт е личност кој длабоко ќе се соживее со твоите борби, ќе те предизвика кога е потребно и ќе ти даде моќ да бидеш личноста што сакаш да бидеш. Тој ќе ве натера да научите се за себе, да се прилагодите, да дознаете што ве исполнува, а што ве влече надолу.

Откријте ги вашите внатрешни верувања и идентификувајте ги вашите основни приоритети. Преземете го следниот чекор.
Јавете ми се на (070) 812-485 денес за бесплатна 20-минутна консултација. Вие заслужувате да живеете среќен, исполнет живот.

НАПРАВЕТЕ КВАНТЕН СКОК ВО ЖИВОТОТ

Без оглед што сакате да промените во животот, процесот е ист. Можам да ви помогнам да се движите низ овој процес. Заедно, идентификуваме што ви е најважно, што ве ограничува и дизајнираме персонализиран акционен план за да ви помогнам да напредувате.

ЕДУКАЦИЈА И УСОВРШУВАЊЕ

Ефективно учење на нови знаења и вештини
Селекција на област или струка
Специјализација и надоградба
Перманентно усовршување
Професионална трансформација

КАРИЕРА, РАБОТА, БИЗНИС

Избор на соодветна професија
Зголемување на задоволството од кариерата
Транзиција кон исполнувачка кариера
Започнување или развивање на бизнис
Трансформација на погледот кон финансиските средства

ЕМОЦИОНАЛНА И ФИЗИЧКА БЛАГОСОСТОЈБА

Елиминација на грижите, стресот и вознемиреноста
Практикување ментална хигиена
Вежбање, слабеење и креирање повеќе енергија
Самоконтрола на апетитот
Создавање и развивање здрави навики

ЛУЃЕ И ВРСКИ

Пронаоѓање на сродна душа
Зголемување на емоционалната интелигенција
Развивање на здрава интимност
Ефективна комуникација
Создавање и одгледување на квалитетни персонални врски

ЛИЧЕН РАСТ И ПРОГРЕС

Како да создадете континуиран прогрес
Подобрување на сигурноста и самодовербата
Развивање на супериорен животен стил
Како да додадете повеќе игра, авантура, креативност во животот
Како да го реализирајте вашиот вистински потенцијал

КОЈ СУМ ЈАС?

Јас сум Алдо Али роден 1983 година во Скопје. Имам дипломирано филозофски факултет и сум сертифициран андрагог, едукатор, претприемач и зафатен родител кој ја знае борбата за обид да се балансира кариерата и семејството. Јас сум професионален тренер за кариера кој помина 10+ години помагајќи на многу професионалци да создадат успех во животот и кариерата.

Во мојата пракса, јас обезбедувам алатки, стратегија и поддршка за да им помогнам на луѓето да создадат значајни промени во нивните животи.
Ја сакам мојата работа затоа што помагањето на луѓето да бидат успешни и исполнети е многу значајно за мене. Се борев со истите предизвици со кои се соочуваат моите клиенти.

Јас сум многу добро запознаен со притисокот на роковите за работа, семејните обврски и чувството на несоодветност. Ги разбирам проблемите и знам дека има подобар начин.
Тренерството комплетно го трансформираше мојот живот. Целта на мојата пракса е да им помогнам на луѓето да создадат живот и кариера со кој ќе се гордеат.

Во слободно време јас сум посветен спортист, велосипедист, волонтер во мојата заедница и страстен колекционер на стари компјутерски книги, списанија и системи.

РЕЗЕРВИРАЈТЕ СЕАНСА

Променете го вашиот ум и ќе го промените вашиот живот. Но, ако не започнете, сигурно нема да успеете. Сè што правите за да работите на себе и вашите цели, е инвестиција во вашата иднина да станете успешни, среќни, исполнети и најдобрата верзија на самите себе! Двата најважни денови во нашиот живот се кога ќе се родиме и кога ќе дознаеме зошто!

Закажете лична, онлајн или телефонска консултација.
Достапен за контакт 24 часа, 7 дена во неделата.
Дискрецијата е загрантирана!